Зошто Лила Филиповска ги обожава оризовите палети?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оризови галети –диетална, посна и здрава храна за секој период од денот

Оризовите галети се идеална лесна и брза ужина, која не се расипува и има малку калории. Не содржат масти, туку хранливи материи кои даваат чувство на ситост. Иако не го снабдуваат организмот со огромна количина на витамини минерали, сепак обезбедуваат мали дози на нутритиенти.

Оризовите галети се 100% природни, имаат неутрален вкус и не содржат шеќери. Содржат железо, минерал неопходен за производството на здрави црвени крвни зрнца. Железото го зајакнува одбранбениот систем на организмот и поддржува нормална поделба на клетките. Се препорачува на дневна основа 8 милиграми железо за мажи, 18 милиграми за жени. Во една галета има околу 0,32 милиграми железо. Оризовите галети содржат и цинк и магнезиум.

Калории и масти – Содржат во просек 30 до 60 грама калории, зависно од составот и големината, а скоро и да нема заситени масти во нив. Содржат помалку од 1 грам масти, што ги прави вистински диетален избор. Се чувствувате најадени, а не внесувате калории! Главната дефиниција доколку сакате побрзо да се ослободите од вишокот килограми е да јадете помалку и да вежбате повеќе. Пронајдете ја активноста во која најмногу уживате, јадете помали оброци, одмарајте, пијте доволно вода, бидете трпеливи и упорни и резултатите ќе бидат видливи.

Растителни влакна – Зрната од кои се прават оризовите галети се богати со растителни влакна, токму поради интегралниот ориз од кој се прават. Избилството на растителни влакна во исхраната е поврзано со намалување на ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Мажите треба да внесуваат 30-38 грама на растителни влакна секој ден, додека жените 21-25 грама.

Како да се јадат?

Може да се користат како замена за леб, така што комбинирани со некои намази, па дури и друга храна, даваат енергија и овозможуваат одлично извршување на секојдневните работни обврски, што не е чест случај со другите ниско калорични режими на исхрана. Може да се комбинираат со намази од маслинки, посен намаз од леќа, џем од вишни и било што друго.

Одлично се комбинираат со месо и сосови. На вас е да одлучите, со што најмногу Ви одговараат!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This