April 20, 2024, 11:50 am

ЗОШТО МОЛЧАТ НЕКОИ ПРАТЕНИЦИ: Исмајлоска Старова и Рамчиловиќ добиваат непристојни предлози од СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И додека се очекува третото продолжение на Седницата на Собранието на Република Македонија за пристапување кон уставни измени, на пазарењето со пратенички гласови му нема крај.

Имено од избори блиски до политичките партии дознаваме дека претставници од СДСМ деновиве им пристапиле на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова и Зеќир Рамчиловиќ, при што на “маса” биле доставени интересни понуди за нив но и нивните блиски, доколку се предомислат и одлучат својот пратенички глас да го дадат во поддршка на уставните измени, пренесува Магазин.

Пратениците Исмајлоска Старова и Рамчиловиќ за ова не информирале никого, што пак кај нивните колеги го отвора сомнежот дали не сакаат да се крева многу врева за ништо или можеби размислуваат за понудите.

Таквиот став како сигнал на колебање и двоумење е разбран и од страна на СДСМ, при што неизвесен е исходот од посредувањето.

Пратеничката Исмајлоска Старова е член на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Македонка муслиманка. Има завршено Медицински факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје додека пратеникот Рамчиловиќ доаѓа од редовите на коалиционите партнери, како Бошњак, поточно од “АВАЗ”, Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија, и е Доктор доцент при Институт за национална историја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This