April 20, 2024, 10:26 am

Зошто на Заев му е потребна широка влада ако има стабилно мнозинство?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ВМРО–ДПМНЕ Бране Петрушевски во гостување на емисијата „Филибастер“ на радио Лидер кажа дека Зоран Заев триумфалистички демонстрирал дека има силно мнозинство за само ден потоа да падне на тестот каде што сепак немало стабилно мнозинство да се гласа во Собранието со што повторно Собранието е нефункционално.

-Она што е интересно е дека утредента после гласањето на доверба на влада и нели тој триумфализам кој што се обидоа да го демонстрираат пред се Зоран Заев тука не видов голема подршка од другите пратеници таа доверба тоа силно мнозинство како што тој велеше утре дента падна на првиот тест и повторно немаше мнозинство да се гласа во Собранието и повторно Собранието е нефункционално, но за да после само неколку дена истиот во една емисија излезе понуда за коалиција заедничка со ВМРО–ДПМНЕ.

Пратеникот на ВМРО–ДПМНЕ Петрушевски рече дека логично е прашањето зошто Заев бара понуда за коалиција со ВМРО – ДПМНЕ доколку тој има стабилно мнозинство и зошто му е потребна широка влада. Петрушевски кажа дека Зоран Заев конечно признал дека владата е неспособна да ја извлече Македонија од кризата во која што тој сам ја внесол.

– И сега логично е прашањето доколку има стабилно мнозинство како што вели Заев доколку тоа мнозинство го подржува Заев, владата и политиките на Зоран Заев, зошто му е потребна широка влада, зошто му е потребна опозицијата освен дека и самиот конечно си признал сам пред себе дека оваа влада е неспособна и ова влада не може да ја извлече Република Македонија од кризата во која што за жал оваа влада ја внесе и тоа на секој план, потенцираше Петрушевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This