ЗОШТО НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ: Отворено прашањето за пописот, проблем двојазичноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголем дел од преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеал поради тоа што партијата предводена од Никола Груевски не отстапувала од ветеното за време на кампањата – дека нема да дозволи двојазичност на целата територија по цена на задирање во Уставот на Република Македонија, дознава „Дневник“. Двојазичноста, по с` изгледа, е и еден од клучните проблеми поради кои преговорите пропаднале.
Gruevski-Ahmeti-4
Според наши извори, на тоа се потрошени 95 проценти од времето во рок од 20 дена за преговори. Партијата на Али Ахмети предложила и инсистирала да се донесе законско решение со кое ќе се обезбеди двојазичност на целата територија, на што ВМРО-ДПМНЕ реплицирала дека нема тоа да го исполни образложувајќи кои се нејзините принципи поради кои нема да отстапи од конечната одлука. Дотолку повеќе што тоа е ветување што Зоран Заев и СДСМ им го дадоа на албанскиот електорат, односно беше отворено како прашање уште пред почетокот на кампањата кога Заев беше во посета на Швајцарија.

Kако што дознаваме, ВМРО-ДПМНЕ на преговарачката маса се обидела дискусијата да ја фокусира на можноста за унапредување на користењето на јазиците во општините каде што живеат најмалку 20 отсто од припадниците на помалите етнички заедници, но и за ова имала поинакви видувања од ДУИ во врска со разните предлози и идеи. За ДУИ, ова било незадоволително и побарале јазикот на заедницата која брои над 20 проценти од вкупното население во Македонија да биде службен јазик еднаков на македонскиот.

Во врска со ова македонската партија нагласила дека не постои причина за такво нешто во општини во кои воопшто нема Албанци, односно ги има во мал број – помалку од 20 отсто, во спротивно тоа би значело целосно изедначување на македонскиот и албанскиот јазик, што, од друга страна, нема да значи никакво унапредување за другите јазици на малцинствата во земјава. Според концептот што го понудила ВМРО-ДПМНЕ, се давало можност за унапредување на другите јазици како турскиот, ромскиот, српскиот, бошњачкиот и влашкиот во општините каде што тие се минимум 20 отсто за односот и кон другите заедници да е фер и коректен.

Освен овие предлози, според нашите извори, ВМРО-ДПМНЕ побарала цврсти гаранции преку воведување законски казни за непочитување на Бадентер во општините каде што Македонците се малцинство. Меѓу другото, побарала и македонскиот јазик да се учи од прво одделение во училиштата каде што наставата се одвива на албански наместо како што е сега од четврто одделение.

Партијата предводена од Груевски побарала од ДУИ да се гарантира дека ќе престане праксата Македонците муслимани во некои општини да немаат можност нивните деца да одат во македонско училиште, туку само во албанско, иако не го познаваат албанскиот јазик, односно да им се остави на родителите право и можност да одберат на кој јазик ќе учи неговото дете.

Kатегоричното „не“ за воведување на двојазичноста на целата територија, освен во предизборната кампања, Груевски го нагласи и во интервјуто за „Дневник“.

– Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена. Ако с` оди по досегашните установени принципи во Македонија, би требало да составам влада. Ако се прекршат, с` е можно – рече Груевски во интервјуто објавено на 8 јануари.

Попис и гласање со отпечаток од прст

Во 20-дневниот преговарачки рок ВМРО-ДПМНЕ го иницирала и прашањето за пописот, односно начинот на неговото спроведување. Тие предложиле пописот да се спроведе со примена на највисоките стандарди и врз база на отпечатоци од прстите, како и од следните избори да се реализира планот за гласање на избирачите и нивна идентификација токму со отпечатоци.

Последно станало збор и за кадровските решенија, но меѓу предлозите од двете страни имало крупни разлики поради што останале отворени. Проблеми немало, иако за тоа прашање не ни останало многу време, за заедничката владина програма за другите прашања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This