ЗОШТО ПАЛЧО „ПPOПAДHA“ ВО ЗEMJA: Ај да се фокусираме на kpиминaлoт и УСБ-то на Палчо – остајте ги „гoмнapcкитe цeвки“ за друг ден ок?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку и да не сакам да си признаам, по се изгледа дека пи-ар стратегијата на „фабриката“ за новинари на Заев полека но сигурно успева и вордува со плод. Најверојатно, подобро од тоа среднист да ни креира јавно мислење и не сме заслужиле, од проста причина. Најверојатно сме раја која продолжува да се воодушевува на површни прикаски, мафијашки серијали, на работи кои повеќето од рајата никогаш нема да ги видат, слушнат или доживеат. Не за друго, туку затоа што никогаш не би се потрудиле да бидат подобра верзија од себеси, бијдеќи се премногу зафатени со фаќање сеир. И така заслепени од сеирот, тие што им ја приредуваат забавата им го крадат и животот. Буквално.

Аферата „Рекет“ за која многумина сега се китат со пердуви дека први ја објавиле, всушност беше објавена најмалку осум месеци пред првиот текст за „Кики и Фрики“. Да. Ја објавивме ние, кога напишавме дека имало случај на рекетирање на сопственик на хотел во Охрид. Таму, на состанокот на кој се рекетирал сопственикот биле Фросина Ременски, Бојан Јовановски, Александар Кирацовски и уште 1-2 небитни луѓе.

БАРАЛ И ПО 200.00 ЕВРА: Боки 13 peкeтиpaл фирми со помош на луѓе од власта – барал и до 200.000 евра!

И „РАГУЗА“ ЖРТВА НА РЕКЕТАРСКА ШЕМА?: Ген.секот на СДСМ Кирацовски е новиот сопственик на ресторанот „Рагуза“?

 

Никој тогаш тоа не го демантираше, но никој не го ни потврди. Демек, ќе помине. А и рајата беше презафатена со тогашните настани. Фаќаше сеир на друго место. Бидна што бидна, се отвори прикаската за „Кики и Фрики“. Не спорам дека колегата Бранко Геровски маестрално го изведе својот дел. Тоа што не беа јасни приказните, тоа е спореден аргумент – можеби човекот се плашел да ги каже по име, знаејќи со какви луѓе ќе си фати работа. На крајот на краиштата, беше во нивнот камп. Ги знае одблиску и детално.

Никогаш немаше да се отвори судскиот процес ако „приказната“ останеше на Кики и Фрики. Заев и СДСМ немаше да признаат кои се, а пак тие што биле рекетирани ќе добиеја понуди да си молчат и тука да заврши приказната. Ама тогаш излезе „Ферманот“. Со имиња, детали, улици, станови, судии, адвокати, министри, директори, пратеници. И бидна големата.

АЈ ДА ВИДИМЕ ШТО ВИКА ФЕРМАНОТ: Исказот на Орце Камчев во oбвинитeлcтвo ја oтkpива целата виcтинa за „Pekeт“

ШТО ВИКА „KATИЉ“ ФЕРМАНОТ НА ДРУГИОТ CBEДОК: Се барало pyшвeт, а Владата ќе пoмoгнeлa да се постави нов директор на Телеком

Ама наместо големата да продолжи онака како што треба, пи-арот на Заев успеа да вметне хаос во редовите на оние кои бараа правда и вистина.

Наместо да се фокусираме на тоа кој кого крие, дали обвинителите во случајот можеби имаат некаква врска со власта – а од она што го имам слушнато, имаат – јавноста се занимава со золвата, свекрвата и незнам си кој на Ана Камчева. Дали чантата на Катица имала „К.Ј“ изгравирао, и какви слики купил Боки. Наместо да бараме каде е лоциран последниот сигнал на ГПС апаратот во рачката на „Луј Витон“ чантата, зборуваме за кафанскиот муабет на Орце, кој буквално ништо не значи.

„Фабриката“ која продуцира јавно мислење – инаку патентирана токму од Роберт Поповски и СДСМ уште во времињата кога Бранко царуваше – успеа некако да ја заплетка приказната во пајажината на ниски страсти, ривалитети, докажувања на нешто што е ноторна вистина или факт. Да се објаснуваме кој бил во право, а кој не. Да докажуваме чија вистина е поточна – а вистината е една. И се крие!

Немаме ние како општество ништо од тоа што Миленко ќе му пише на Геро, а Геро ќе му врати. Не сме постингале ништо, ако Саше Политико пцуе, а ние по гомнарот со гомнарска цевка. Така, губиме, затоа што тоа е идејата. Да се навлечеме сите на гомнарските цевки и да се тепаме, а единствен ќар да има вождот од Муртино.

Затоа, ајде да се фокусираме на она што е важно.

Тоа што го изгубивме од фокус е како Зоран Заев е вмешан во „Рекет“, и кој го крие од лицето на правдата. Зарем е можно, адвокатот на Бојан Јовановски да не знае кога имало средба помеѓу Ана Камчева и Зоран Заев и што се зборувало на таа средба? Ако не знае, ќе го информирам и тоа јавно. Не на кафиња и на состаноци.

Веќе три месеци се обидувам да добијам одговор од некоја надлежна институција во врска со апсењето и приведувањето на Љупчо Палевски на белградскиот аеродром. Ниту од амбасада, ниту од МНР. Никој ништо не кажува. Во амбасада пак ми велат, не знаеме ние ништо тоа во МНР ќе си прашате. Таму пак, во МНР, група на арогнатни влечковци воопшто не креваат на телефон. Нема одговори ниту од српските институции.
Српското МНР ме препрати во српското МВР. Од српското МВР бараа да им испратам прашања по е-маил. Испратив, еве месец дена нема абер. Е сега, зошто се крие и е толку тајновито приведувањето на Љупчо Палевски?

Од тоа што јас го знам, а знам дека е точно, проблематично е едно УСБ на кое постои снимена комуникација во која се спомнува и името на Зоран Заев. И таа комуникација длабоко го инкриминира премиерот но и некои високи полициски функционери од претходната власт. Така, Палевски го снемува од лицето на земјата. Знаеме дека е во притвор, ама ништо повеќе – ниту како е, ниту зошто е приведен. Ниту дали е жив, здрав, добар. Ништо. Како да пропаднал во земја.

Кога веќе се објавуваат снимки од разговори по кафани, зошто се селектираат снимките? Зошто повторно се сечат-лепат-монитраат? Еве нека ги објават целосните снимки. Или не им одговара тоа што Столе „СВ Инвест“ го слуша од Камчев? Секако дека не им одговара. Но, она што им одговараше го пуштија и го постигнаа ефектот. Хаос во кампот кој треба фокусирано да ги открива криминалите на власта.

Еве, уште не добивме одговор кој е тоа „висок од владата“ кој гарнтирал дека еден од сведоците (кој треба да сведочи на 25.декември) ќе станел директор на „Македонски Телеком“, ако овој заврши некаква работа во корист на Бојан Јовановски? Значи, не станува збор тука за Катица Јанева со чие влијание тргувал Боки, туку со некој „висок од влада“ кој гарантирал!

Патем речено, до каде сме со „Дијамед“? Тоа е случај кој води директно до главата на октоподот. Д-И-Р-Е-К-Т-Н-О.

А тука се вмешани и многу луѓе, меѓу кои и Венко Филипче, кој инаку бил и на деловен состанок со Боки 13 за да договараат менаџирање на процесот за приватиазија на јавното здравство. Тоа бил муабетот, за оние што не знаат. Филипче договарал јавно-приватно партнерство за сегашниот Клинички центар со Боки 13, а тоа да го плаќа рекетираниот бизнисмен. Боки демек, ќе служел да го менаџира процесот и да гарантира дека ништо нема да излезе од контрола.

Во случајот со „Дијамед“ инаку, вмешани се и окорели криминални структури. Лихвари кои соработувале со власта во остварување на рекетот. Така, пораката „од горе“ до сопственикот на фирмата која била од интерес, бил испратен да земе осум (8) милиони евра лихва од лихар во Куманово, тие пари да ги даде на „овие од горе“, а потоа кога ќе му ја одмрзнат сметката да ги врати парите од сопствената сметка кај лихварот.

Во меѓувреме, рекетираниот, си плаќал по 60.000 евра месечно на три места. Има и една анегдота која кружи меѓу сега обвинетите во „Рекет“, за тоа каква била реакцијата на „шефот“ кога при пресметка за тоа кој колку земал, недостасувале 20.000 евра секој месец. Па воскликнал „шефот“ со прашањето „а, кај се уште 20.000?“ Секако, тие 20.0000 месечно си ги земал курирот, кој си наплаќал за услугата – земање, транспорт и складирање на парите.

Ова се случувало во кабинетот на премиерот, и тоа со еден од оштетените во „Рекет 2“ кој му објаснувал секој месец по колку пари одвојувал за рушветот.

Значи, ај да се фокусираме на тоа што е важно. Остајте суетите.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This