Зошто Русија е нeпобедлива во Црното Море?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колумнистот на американскиот весник „Бизнис инсајдер“, Константин Атламазоглу, ја истакна стратешката важност на регионот на Црното Море кој го поврзува Кавказот со Европа.
„Тука има руски пристаништа кои не можат да се замрзнат. Црното Море зазема важно место во архитектурата на одбраната на Москва. Надмоќта во овие води не само што ја обезбедува безбедноста на земјата, туку и овозможува да го прошири своето влијание и да го предизвика НАТО“, пишува авторот.

Морнарицата на Северноатлантската алијанса го зајакна своето присуство во регионот, меѓутоа, географските ограничувања и меѓународното право создаваат пречки за борбата против Русија, додека другите земји се инфериорни во однос на нејзините воени способности, се пожали тој.
Романија поседува три фрегати, седум корвети, стара подморница од класата „Кило“ и помошни бродови. Како што наведе колумнистот, состојбата не е подобра ниту во Бугарија. Нејзината морнарица се состои од четири фрегати, три корвети и миночистачи. Украина се обидува да ги обнови своите поморски сили, а Грузија има само крајбрежна стража, се објаснува во написот.
„Турција има значајна и борбено подготвена флота, меѓутоа, нејзините добри односи со Москва и отуѓувањето од НАТО предизвикуваат сомневања за нејзината посветеност на Алијансата“, убеден е Атламазоглу.

Според него, Црното Море се претвори во „руско езеро“. Русија спроведе неколку реформи во 2008 година и во периодот 2011-2020 години по што морнарицата станала пософистицирана. Црноморската флота има три ракетни фрегати од класата Адмирал Григоровиќ, гардиски бродови од класата Кривак, ракетниот крстосувач Москва, како и шест нови дизел-електрични подморници. На море ги поддржуваат голем број помошни бродови кои ги зајакнуваат можностите на морнарицата, се наведува во материјалот.

Москва го зголемува и бројот на системи за таканаречената безбедносна зона во Црното Море (Anti-Access / Area Denial, A2AD). Станува збор за крајбрежни противбродски ракети, оперативно-тактички комплекси, радари и противвоздушна одбрана. Покрај тоа, морнарицата е дополнета со неодамна формираниот 22-ри воен корпус на Крим и со две воздушни дивизии исто така лоцирани на полуостровот. Тие ќе помогнат да се заштитат руските бродови и да се одврати непријателската војска, заклучува новинарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This