ЗОШТО РУСИЈА КУПУВА ТОНИ ЗЛАТО: „Златна грозница“ или паметна економска политика за заштита на економијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва нагло го зголеми купувањето на злато и во таа смисла соборува светски рекорди. Русија денес е најголем светски купувач на злато и трет по големина произведувач. „Златната грозница“ ги зафати руските банки и богаташи. Таа политика има за цел да ја заштити руската економија во случај на кризна ситуација, но и од санкциите

Минатата година руските банки купија 205,155 тони злато, што е за 4.7% повеќе отколку во 2016, а околу 67% од вкупното злато произведено во Русија. Во споредба со 2013. година тоа е зголемување за 13%.

Најголеми купци се трите водечки банки со државен капитал – „ВТЕ Банка“, „Сбербанк“ и „Гаспромбанк“.

„ВТБ банка“ купи 63.9 тони, што е за третина повеќе од 2016. година. Таа е на прво место, кое го превзема од „Сбербанк“ која пазари 43 тони злато. Третопласирана е „Гаспромбанка“ која купи 38.1 тон.

Поголемиот дел од купеното злато го препродадоа на Централната банка на Русија, која на тој начин ги пополнува златните резерви. Централната банка на Русија исто така ги зголеми златните резерви за 223.95 тони и стана светски рекордер.

По обем на златни резерви Русија речиси ја стигна Кина, која го завзема петтото место на светската рејтинг листа со 1.842 тони злато.

„За банките, ова е добра работа. Тие кредитираат рударски компании кои ги враќаат кредитите со златото кое се вади. Потоа банките го продаваат на Централната банка“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии на Русија.

Руските банкари велат дека банките, особено државните, се плашат дека нивната актива во странство може да биде замрзната во случај на проширување на санкциите, па тоа е една од прчините зошто кууваат злато. Освен тоа, експертите ја наведуваат и профитабилноста.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This