Зошто Рускоска повеќе верува kpиминалец со четири верзии за 27 април, отколку на овластен вештак и доктор на науки?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богдан Илиевски реагираше по денешнитe настани во врска со судењето за 27 април. На денешното рочиште вештакот на одбраната го презентираше своето вештачење според кое недвосмислено посочи неколку работи, првенствено и најважно дека според податоците од доказите на обвинителството, Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред да се случи влезот во Собранието, како што Василевски тврдеше претходно.

Илиевски посочи дека Рускоска повеќе верува kpиминалец со четири верзии за 27 април, отколку на овластен вештак и доктор на науки

„РУСКОСКА НЕ ВЕРУВА НА ОВЛАСТЕН ВЕШТАК И ДОКТОР НА НАУКИ, ТУКУ НА НИНЏА, КРИМИНАЛЕЦ СО ЧЕТИРИ РАЗЛИЧНИ ВЕРЗИИ ЗА 27-МИ АПРИЛОбвинителката Вилма Рускоска (нагалено и скратено: #ВиРус) и по денешниот дебакл за нејзиното обвинение не се откажува од бранење на четирите различни верзии на Александар Василевски Нинџа за случувањата на 27-ми април, единствениот „сведок“ од сите во неколкуте предмети за настаните од Собранието кој сведочел „како по ноти на Рускоска“. Овластен вештак, професор доктор Мирослав Котевски, на денешното рочиште за т.н. организатори на 27-ми април го презентираше своето вештачење според кое недвосмислено посочи неколку работи, првенствено и најважно дека според податоците од доказите на обвинителството, Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред да се случи влезот во Собранието, како што Василевски тврдеше претходно“, реагира Илиевски.

Покрај ова, од вештачењето на проф. Д-р Котевски, недвосмислено e дека:-материјалите со листинзи на телефонски разговори кои обвинителството ги презентираше како доказ не биле запечатени и на нив можел да интервенира секој кој имал пристап откако дошле во Обвинителството. Токму поради ова вештакот ги посочи како „докази“ кои немаат доверливост;-има некои разговори и пораки кои делуваат дека се фалсификувани и подметнати во незаштитените документи, бидејќи се појавуваат само на еден листинг, а не на четири како што мора да биде; Еден пример за тоа е наводен обид за повик од Нинџа до Спиро Ристовски кој го има само во еден листинг на Нинџа, а го нема во вториот листинг на Нинџа и двата листинзи на Ристовски, појаснува тој.

Илиевски додаде дека Рускоска не верува ниту на технологијата, базните станици, овластените вештаци и доктори на науки, тукуповеќе му верува на Нинџа, кој има историјат на лажни сведочења за да добие помали казни во други предмети водени против него во истото време.

„Недвосмислено е чувството дека иста таква награда добил и за лагите кажани на судењата за 27-ми април, бидејќи беше осуден на казна под минималната – 8 години, единствено човекот кој го спасува Зијадин Села, Абдулфета Алими е осуден на 7 години затвор! (ова е друго тотално лудило за кое ќе зборуваме во друга прилика). Човекот со кој имаше средба која требаше да биде тајна непосредно пред да ја испее четвртата верзија на настаните. Причините сосема сигурно лежат во тоа што без лажните сведочења на Нинџа, нема ниту тероризам, ниту над 200 години затвор за луѓето кои ги судеше Кацарска, ниту нов случај за т.н. организатори на немилите настани,“ вели Илиевски.

Тој јавно прашува кои би биле мотивите на еден јавен обвинител, а особено шеф на обвинителство, целата своја репутација и кариера да ги потпира на четири различни верзии од еден осудуван криминалец.

„Кои се тие мотиви, сигурно ќе покаже времето. Едноставно, ништо не останало скриено“, додава Илиевски.

РУСКОСКА НЕ ВЕРУВА НА ОВЛАСТЕН ВЕШТАК И ДОКТОР НА НАУКИ, ТУКУ НА НИНЏА, КРИМИНАЛЕЦ СО ЧЕТИРИ РАЗЛИЧНИ ВЕРЗИИ ЗА 27-МИ…

Posted by Богдан Илиевски on Tuesday, December 22, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This