April 24, 2024, 11:34 pm

ЗОШТО СВРИКАЧОТ ДОСТАВИЛ ДОКУМЕНТИ ДО „ИНФОМАКС“ И „Ла Верита“: Луѓето не веруваат во oбвинитeлcтвoто и cyдcтвoто и бараат мониторинг врз Русковска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу документите кои ги поседувате и вашето тврдење дека на тој начин не влијаете врз истрагата. Колку сте убеден од тоа од овој аспект, не ли мислите дека на овој начин обесхрабрувате луѓе коишто можеби можат да придонесат во истрагата, давајќи им сигнал дека некој од таму ги протекува документите. Ги дава, еве вам, ги дава очигледно на „Инфомакс“ ги дава на „Ла Верита. Дали на тој начин наместо да правите пртисок истрагата да се спроведе до крај и во целост практично делувате во сосема спротивна насока?

 

Моето искуство е сосема спротивно од оваа ваша теза. Моето искуство со луѓето со кои комуницирам и кои се жртва на рекетот и криминалот и притисокот на овие арамии кои што се на власт дека немаат доверба во ова обвинителство и ова судство. – одоговори Мицкоски.

Тој потенцира дека кога тој ги упатувал луѓето кои се жалеле на криминалот од страна на власта, тие објаснувале дека немаат доверба.

 

– Така што мислам дека овие луѓе ќе се чувствуваат посигурно доколку има контролор кој ќе го мониторира необјективното и субјективно работење на Русковска во овие случаи. Затоа што можеби некој од страна ќе следи да видиме дали Русковска вистински го води случајот за да го заврши, или ќе го води колку да го води и да каже дека тука нема дело. – објаснува Мицкоски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This