Зошто СДСМ сака по секоја цена да ги назначи Фрчкоски за амбасадор во САД?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што ли му должи и што треба да заврши за СДСМ Љубомир Фрчковски, што се решени по секоја цена да го испратат како амбасадор на територијата на САД. Откако пропадна идејата да биде амбасадор во Вашингтон, сега нова вест проструи во јавноста дека Фрчковски ќе биде македонски амбасадор во Обединетите Нации во Њујорк.

Оваа вест доаѓа на помалку од месец дена откако тој беше одбиен од САД како неподобен да го пополни амбасадорското место во Вашингтон. Како причина тогаш беше наведено дека Фрчковски не може да добие безбедносен сертификат, што е предуслов за размена на безбедносни информации. Тогаш веста за јавноста ја потврди и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски.

Власта се разбира во тој момент не сакаше да го признае срамот, па измислуваа разни изговори. Но, сега веста за амбасадорското место во Њујорк не доаѓа од било кој, туку од медиуми кои важат за блиски до СДСМ и Владата. Тоа значи дека сепак постои таков обид и дека можеби и не се работи за шпекулација.
Но изненадувачки за сите е зошто СДСМ толку упорно го носи Фрчкоски токму во САД и на толку важни амбасадорски места, знаејќи го неговото минато кое не е соодветно за никаква функција, а особено не во САД или ОН. Откако им пропадна обидот да го направат претседател на Македонија, сега се обидуваат за да го наградат како амбасадор.

Фрчкоски беше министер за внатрешни работи од 1992 година се до 1996 година, во најмрачниот и најкриминален период, време на транзиција и матни зделки и прогони кои никогаш не добија разрешница. Во тој период се случи и обидот за атентат врз поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, кој тогашното МВР предводено до Љубомир Фрчкоски не успеа да го расчисти, а тогашните шпекулации кои кружат до ден денешен се дека самиот тој имал врска со настанот.

Потоа неделникот Фокус во 2008 пишуваше како Фрчковски ја тепал својата сопруга пред децата, објавувајќи нејзино писмо, а дека не запре тука со малтретирањето на жени доказ е и уште еден настан потоа нападна жена среде бел ден за паркинг место.

Сепак, скандалите со Фрчкоски не запреа тука. Тој беше лустриран во 2013 година, при што беше обелоденето дека лично потпишувал наредби за следење, прислушкување и нарушување на човековите слободи и права. Поради неговите постапки им биле нарушени човековите права и слободи на бројни писатели, новинари, професори и политичари , од единствена причина што не се согласувале со неговите идеи.

Оттука навистина е зачудувачки зошто СДСМ сака да ја изрезили државата испраќајќи таков човек како амбасадор во Обединетите нации, институција која пред се се занимава со човековите слободи и права, што е спротивно на она што е Фрчкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This