April 26, 2024, 12:26 pm

ЗОШТО СЕ ПИШМАНИ ВЛАДАТА ЗА „МЕРЦЕДЕСОТ“: Чии интереси ги штити МВР и СОЗР со повлекувањето на „Мерцедесот“ од продажба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По кој знае кој пат Владата се пишмани да го продаде Мерцедесот. Откако во предизборната кампања Зоран Заев ветуваше дека истиот ќе биде продаден, а со парите ќе бидат набавени возила за итната медицинска помош, до денес, темата околу Мерцедесот беше безброј пати експлоатирана во пропагандни цели додека во меѓувреме вредноста на возилото драстично се намали

 

Најновата одлука на Владата во врска со блиднираниот „Мерцедес“ е да се повлече од продажба, откако минатата недела Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) соопшти дека истиот ќе биде даден на аукција со почетна цена која се движеше во рамките на 280.000 евра, односно точно 14.372.208,00 денари. Оваа цена беше формирана по претходна проценка на возилото, која наиде на сериозна критка од стручната јавност, која ја коментираше како непрофесионална. 

Други пак ја критиуваа владата дека намерно ја намалува цената на блиндираното возило со цел истото да се продаде на лица блиски до СДСМ, кои потоа би го изнајмувале на СОЗР за потребите на владата и МВР.

Без разлика која е вистинската причина за драстичното намалување на цената на блиндираниот „Мерцедес“, речиси сите се согласни дека, ако владата имала вистинска намера да го продаде истото, тоа одамна требаше да се направи се со цел постигнување на најповолна цена за истото. На начин на кој Владата го третира овој „проблем“, штетата ќе плаќаат граѓаните кои остануваат без нови возила за итна помош, додека вредноста на Мерцедесот продолжува да паѓа. 

Пишманаџиите во владата на Р.Македонија, отворија нов сомнеж кај јавноста откако денес повторно ја повлекоа одлуката за продажба на „Мерцедесот“.

Иако голем дел од правниците јавно ја повикаа владата воопшто да не помислува на продажба на возилото, кое патем кажано е предмет на судска постапка во својство на материјален доказ, СОЗР по добиено мислење на СЈО дека нема потреба од возилото во судска постапка, го стави истото на аукција.

Оттука, чудна е и одлуката со која владата го оправда повлекувањето на возилото од аукција, ако се има во предвид дека обвинителството кое го води предметот за набавката на „Мерцедесот“ воопшто нема потреба од истиот како доказ.

Дали се работи за нова комбинаторика помеѓу бизнис-политичката елита останува да видиме, додека во меѓувреме на социјалните мрежи и членовите на СДСМ почнаа да ги критикуваат одлуките на Заев.

“Владата ја става во мирување продажбата на мерцедесот, дур не завршел судскиот спор. Се посравте со мерцедесов, шпанска серија направите“ – напиша Ивор Мицковски, екс-шеф на партискиот центар за комуникации на СДСМ.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This