Зошто таткото на Венко Филипче поднесе ocтавка: Што правеле чичкото на Филиче со 2 милиони марки на словенечка граница?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венко Филипче во петокот поднесе оставка до Владата на Република Македонија по големата трагедија која го снајде Тетово, трагедија во која 14 лица изгореа живи во модуларната ковид болница.

Македонската јавност од Филипче бараше оставка, но и кривично да одговара поради пропустите во изградбата на болницата и користените материјали кои придонесоа во неполни три минути целата болница да се претвори во пепел.

Филипче во рок од само два дена го промени мислењето по однос на неговата оставка откако истакна дека ќе чека да заврши истрагата за да поднесе оставка, но потоа се премисли.

Премиерот Зоран Заев вчера се обрати на Фејсбук и рече дека ќе одлучи дали ќе ја прифати оставката на министерот само откако ќе заврши истрагата.

Но за иронијата да биде уште поголема, Венко не е првиот Филипче кој поднел оставка од позицијата министер за здравство.

Таткото на Венко Филипче, Илија Филипче своевремено исто така се нашол на позицијата министер за здравство како предлог од редовите Социјалистичката партија во периодот од 1994 до 1997 година. Слично како и неговиот син тој по голем скандал во 1997 година бил принуден да поднесе оставка.

За Илија Филипче се врзува првиот скандал во македонското здравство, односно голема афера во која биле препакувани лекови со изминат рок.

Се работи за афера поврзана со шверцувањето и препакувањето на лекот „Орацеф“ во различна амбалажа. Сирупот во моментот на препакувањето бил со изминат рок.

Кариерата на Илија Филипче како министер за здравство заврши откако лекарите и професорите на Медицинскиот факултет почнаа со име и презиме да излегуваат јавно и да се спротивсавуваат на политиките на Филипче.

За аферата со препакуваните лекови со поминат рок да добие дополнително на тежина таа беше зачинета со непотизам односно роднински и пријателски врски.

Во периодот после 1994 година, односно откако тој станува министер, братот на Илија Филипче, Добре Филипче, е поставен за претседател на Комисијата за лекови

Во тој период е формиран Централниот магацин преку кој се снабдуваа аптеките со лекови. Од тој период е прочуената афера со препакување на антибиотици со поминат рок.

Јаготката на шлагот е скандалот со наводен шверц на пари кога Добре Филипче чичко на Венко Филипче подоцна бил фатен со торба со голема сума на пари на словенечката граница, шпекулациите велат дека станувало збор за сума од 2 милиони марки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This