April 27, 2024, 12:59 am

Зошто технолошките милијардери купуваат луксузни бункери во Нов Зеланд?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога ќе дојдат зомбиња, кога ќе паѓаат бомби и кога ќе започне биолошка војна, каде ќе се скриете?Ако сте технолошки милијардер од Силициумската долина, тогаш сигурно во Нов Зеланд.

Во последниве години островската земја со 4,8 милиони луѓе стана место каде што Американците го спроведуваат нивниот скап план Б во случај на светска катастрофа. Ова е инвестиција што почнува да добива смисла кога ќе стигнете до одредено ниво на богатство.
– Живееме во свет каде што некои луѓе имаат извонредни суми на пари, па кога имате толку многу пари, правите план Б – вели поранешниот премиер Џон Ки.
Од неодамна некои богаташи од Силициумската долина започнаа да градат бункери во Нов Зеланд, остров познат по лабавите регулативи за даноци, оддалечена локација и статус како неутрална територија во случај на светска војна.
Бункерите станаа нешто како индустрија. Некои бункери можат да соберат 300 луѓе, а чинат околу 35.000 долари за лице. Но други, какви што се изградени во САД и се испраќаат во Нов Зеланд да бидат тајно закопани, може да чинат до 8 милиони долари.
Еден луксузен бункер од производителот „Рајсинг С.“ има градини, соба за играње, спални, купатила и кујни.
Но наскоро би можела да биде помалку одржлива опција за богатите луѓе. Во август владата усвои закон со кој се забранува продажба на домови на луѓе што не се жители на Нов Зеланд, а тоа значи дека секој што сака да се спаси од армагедон, прво ќе мора да добие државјанство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This