April 25, 2024, 12:07 pm

Зошто Христијан Мицкоски ќе победи на следните избори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на најголмата политичка партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на социјалните мрежи даде објаснување зошто на следните парламентарни избори Христијан Мицкоски ќе биде изборот на граѓаните

Антикорупциска комисија одлучи дека не постои судир на интереси кај Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Нема никаква повреда на ниеден закон!

„Наводите во јавноста и медиумите околу средствата и финансирањето на неговите компании се неточни. Тој дојде во ДКСК и имавме многу конструктивно интервју. Во април 2015 тој е избран за советник на тогашниот премиер Никола Груевски. Во моментот кога се распишува тендерот тој не извршува никаква функција“, изјавија од ДКСКС.

Со ова паѓа цела црна кампања на СДСМ и Зоран Заев! После ова е јасно дека нивната цел не е вистината туку оцрнувањето! Јасно е дека се било лага и конструкција! Ние тоа го знаевме од првиот ден, го знаеше и јавноста, сега само институционално се потврдува. Тоа е клучната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, меѓу нас и нив!

На едната страна имате посветени и квалитетни луѓе кои сакаат Македонија да оди напред, на другата го имате Заев кој од својата фамилија направи клан кој владее криминално со Македонија. На едната страна визија и концепт, на другата криминал, корупција и радикализам.
Овие два концепти ќе се судрат на 12ти Април и ќе победи иднината на Македонија. Ќе победи Мицкоски затоа што е неспоредливо подобар и почесен од Заев, поквалитетен и далеку поголем родољуб. Ќе победи Македонија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This