ЗAБРAНA НА НOЌНO ИГPАЊE OНЛAЈH ИГPИ: Кинeзитe ќe нoсaт зaкoн за мaлoлeтници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјалните владини упатства ќе се применуваат за сите платформи за игри преку интернет, особено Tencent, кинеска компанија за социјално вмрежување и видео игри.

Според новите правила, на играчите до 18 години ќе им биде зaбрaнeтo да играат онлајн игри во работните денови од 22:00 часот до 8:00 часот наутро. Во текот на неделата, ќе им биде дозволено да играат видео игри само 90 минути на ден и до три часа на ден за време на викендите и државните празници, пренесува Си-Ен-Ен.

Упатствата, исто така, утврдуваат ограничувања за износот на пари кои малолетните лица можат да ги пренесат преку своите мрежни сметки. Играчите на возраст меѓу 8 и 16 години можат да плаќаат само 200 јуани (околу 26 евра) месечно за игри, додека максималната месечна сума за оние од 16 до 18 години ќе биде 400 јуани (околу 52 евра).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This