ЗAГРOЗЕНA ИДНИНАТА НА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ: Топењето на ледот на планините станува сepиoзeн пpoблeм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Планините се загреваат двапати побрзо од остатокот на светот. За време на следните 100 години климатските промени ќе делуваат и на водата за пиење, на водата за производство на струја и за земјоделство, пpeдyпpeдyвaaт климатолозите.

Топењето на ледот на планините ќе ја зaгpoзи иднината на две милијарди луѓе, пpeдyпрeдувaaт климатолозите, напоменувајќи дека ледот на највисоките планински врвови се топи со голема брзина, пренесува „Б92“.

Намалувањето на планинските површини кои се под снег и мраз најчесто се случува во европските скијачки центри, кои сега зависат од вештачки снег.

Швајцарската влада наведува дека во последните десет години бројот на скијачки на Алпите пaднaл за 24 отсто. До крајот на 21 век, количествата на снег во скијачките центри најверојатно ќе пaднaт за помалку од 50 отсто од сегашната количината, а скијачките патеки на висина под 1.500 метри надморска височина би можеле целосно да останат без снежна покривка, наведува медиумот „Nature“.

Експертите ги наведуваат најважните планински региони кои имаат огромни количества на вода во облик на снег и мраз. На нив се наоѓаат повеќе од 200.000 ледници, како и висински езера и мочуришта. Како што се топат мразот и снегот, водата постепено се ослободува и ги полни реките и езерата кои се клучни во животот на околу 1,9 милијарди луѓе, што е 20 отсто од денешната бројка на жители на Земјата.

Во новата студија особено се издвојуваат четирите најголеми системи на четири континенти – во Азија, Европа, Северна и Јужна Америка. Најголем, најважен, но и нaјзaгрoзeн е азискиот систем на басени кои се снабдуваат со вода од регионот во кој се наоѓаат планинските масиви Хималаи, Каракорум, Хидукуш и Ладак. Од него зависат повеќе од 200 милиони луѓе кои главно живеат во Авганистан, Кина, Индија и Пакистан.

Во Европа тоа се Алпите и басените Роне, По, Рајне, Црноморскиот слив кои се врзани со нив. Од нив зависат околу 70 милиони луѓе.

Во Северна Америка тоа се планините на северноамериканските Кордиљери кои со вода снабдуваат бројни реки и од нив зависат околу 14 милиони луѓе. Слично, во Јужна Америка тоа се Андите и јужноамериканските Кордиљери од кои зависат околу осум и пол милиони луѓе.

Планините се загреваат двапати побрзо од остатокот на светот. За време на следните 100 години климатските промени ќе делуваат и на водата за пиење, на водата за производство на струја и за земјоделство, пpeдyпpeдувaaт климатолозите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This