Зaгaдена водата во Дебар и Тетово, се апeлира не се користи ниту за пиење, ниту за одржување на хигиената

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заводот за јавно здравје – Охрид, кој со своите активности ги покрива и општините Дебар и центар Жупа, денеска соопшти дека и понатаму водата за пиење во Дебар е неисправна и притоа апелира истата да не се користи за пиење ниту пак за одржување на хигиената.

Др. Лидија Симоноска специјалист за хигиена и здравствена екологија при Заводот, информираше дека по земените примероци на вода во текот на вчерашниот дена анализите покажуваат дека во Дебар водата за пиење е со зголемени вредности на параметрите матност и боја.

Затоа се препорачува водата во Дебар да не се користи за пиење и за одржување на хигиената. Оваа препорака важи се до добивањето на нови анализи на водата од водоводот Росоки – Дебар.

Во ЈКП „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, велат дека водата се хлорира редовно, но притоа се додава дека треба да се почитуваат препораките на Заводот за јавно здравје. Управата на јавното претријатие потенцираше дека заматување на водата не е нешто невообичаено и дека се случило и порано.

Жителите на Тетово исто така не можат да пијат вода од чешмите поради заматеноста во градскиот водовод, што е последица на обилните врнежи од дожд изминатите денови. Препораките се уште важат, иако водата почнува да се разбиструва.

Врнежите од дожд предизвикаа проблеми и за жителите на ромската населба во горниот дел на Тетово. Тие стравуваат од ерозија, бидејќи земјиштето се рони. Проблемот не е нов. Пред три години, на истото место се урна потпорен ѕид врз куќа.

Зголемените водостои на реките, пак, во тетовскиот регион доведоа до излевање. Реката Пена поплави поголема обработлива површина во село Фалише. Вардар, пак, поплави повеќе земјоделски површини во општина Јегуновце. Се работи на санирање на штетите.

Инаку според последните мерења Вардар е во стагнирање кај Јегуновце со водостој од 220 cm.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This