April 24, 2024, 12:57 am

ЗAГAДУBAЊETO Е ОД КОСОВО: Додека Шилегов шири лaжни вести и печали на зaгaдyвaњeто, скопјани се тpyjaт од цементарницата на „Елези Хан“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изворот на загадувањето на Скопје најверојатно потекнува од Косово, а ПМ10 честичките кои се најчест нус-производ на градежната оператива потекнуваат од цементарницата која се наоѓа на Косовска страна на граничниот премин со Македонија, па долж течението на Лепенец, а потоа низ Вардар се шири кон внатрешноста на главниот град

Оваа појава најзабележителна е на денови кога воздушното струење е во правец југ-север, каков што е денес, па ПМ10 честичките се движат кон север, наместо да паѓаат кон Скопје, односно кон југ.

Тоа го докажува и радарската снимка на „ЕрВижуал“, на која се гледа дека жариштето на загадувањето е токму во близина на „генерал Јанковиќ“, а благодарение на воздушното струење кон север, денес Скопје е почисто од она што беше во претходните неколку дена.

Како што може да се забележи од радарската снимка, јасно е видливо дека изворот на ПМ2.5 и ПМ10 честички се токму на Косово, а струењето на воздухот кон север, денес му овозможи на Скопје да дише слободно. Кога ветрот дува кон југ, тогаш и Скопје е загадено.

 

Но, состојбата со загадувањето на воздухот по се изгледа одговара на бизнисите блиски до власта, но и за бизнисмените на државни функции. Така, преку најразлични програми за субвенционирање кои немаат никаков ефект, а проблемот не се решава ниту на краток рок, единствени кои гледаат некој ќар од загадувањето се оние кои ги добиваат тендерите од градот за најразличните кампањи за набавка на инвертори, печки на пелети, велосипеди и електрични тротинети.

За ваквиот тренд вчера коментираше и екс-директорот на центарот за комуникации на СДСМ Ивор Мицковски, кој обвини дека некоја фирма набавила 10.000 инвертори а потоа го добила и тендерот за снабдување на граѓаните со вакви уреди преку субвенциониерање од градот Скопје.

Оттука, логичен е заклучокот дека Шилегов нема намера навистина да се справува со загадувањето, туку од истото да прави бизнис. Затоа што кога би сакал да го реши проблемот, тогаш би барал и од неговите колеги на Косово да побараат задолжително поставување на заштитни филтри на сите капацитети кои го загадуваат амбиенталниот воздух, а особено на цементарницата на граничниот премин „генерал Јанковиќ“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This