ЗAГPИЖУВAЧКИ СТАТИСТИКИ: Нaтaлитeтoт во Македонија се намалува пет години по ред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија лани се родиле најмал број на живородени деца за периодот од 1994 до 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Статистичките податоци покажуваат дека намалувањето на бројот на живородени деца оди паралелно со зголемувањето на просечната возраст на жените кои се одлучиле да станат мајки. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања лани била 29,2 години, а 27,5 години кај првите раѓања. Пред пет години, во 2015 година просечната возраст на мајката изнесувала 28,7 години, додека 27 години е просекот за првите раѓања на мајката. Во структурата според пол, лани машките имале поголемо учество кај живородените деца, и тоа 51,8 отсто, односно на 100 живородени женски деца 107,4 се машки.

Во Македонија лани се родиле најмал број на живородени деца за периодот од 1994 до 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со 19.845 живородени деца, во 2019 година било забележано намалување за 7 отсто кај бројот на живородени деца во однос на претходната година. Ваквите загрижувачки бројки за наталитетот во земјава се повторуваат веќе петта година по ред, со константно намалување на бројот на родени деца. Колку за споредба, во 2015 година биле живородени 23.075 деца, односно за 3.230 повеќе во споредба со лани.

Падот на наталитетот најверојатно ќе продолжи и годинава, ако се земат во предвид податоците за првиот квартал од 2020 година. Државниот завод за статистика во периодот јануари-март 2020 година регистрирал 4.191 живородено дете, односно за 8 отсто помалку во споредба со идентичниот период од 2019 година.

Во 2019 година биле регистрирани 16 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. Бројот на вонбрачните живородени деца лани изнесувал 2.454 или 13,4 отсто од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This