Зaгpижyвaчки вo Кичево: Moдyлapнaтa бoлницa e пoлнa co koвид пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секојдневното влошување на состојбата со новозаболени со Ковид-19 во Кичево, придонесе целокупниот капацитет од 45 кревети во модуларниот ковид-центар да биде исполнет со инфицирани граѓани. Од општата болница размислуваат да го реактивираат дел од интерното одделение каде што на почетокот на пандемијата можеа да се сместат 20 пациенти и кој се користеше до пуштањето во употреба на модуларниот ковид-центар.

Состојбата во нашата општина со Ковид-19 е исклучително тешка. Секојдневно се бележат се поголем број на новозаболени, што го зголеми и притисокот врз модуларниот ковид центар кој денес целосно е искористен и сите 45 кревети се зафатени со пациенти заболени од Ковид-19, вели д-р.Станко Трпески директор на општа болница Кичево.

Бројот на новозаболени во однос на тестирани е многу висок а граѓаните во се поголем број се јавуваат за да се тестираат и да проверат дали и тие се инфицирани од Ковид-19.

– Деновиве имаме голем притисок од граѓани кои сакаат да направат тест за да проверат дали нивните симптоми се од Ковид-19 или не. Така денеска до 11 часот, од 13 тестирани осум лица се позитивни, а од 32 лица кои се снимиле на рендген, кај сите има симптоми на Ковид-19. Лесната преносливост на болеста е потврда дека се работи за Делта сојот, кој е многу вирулентен и затоа бројот на новозаболени брзо расте. Би апелирал до граѓаните да бидат трпеливи, да го запазуваат редот во нашата болница, за да може сите да ја добијат соодветната услуга, порачува директорот.

Трпески нагласи дека од кичевската болница за скопските клиники се упатени шест пациенти од кои четворица со потешка клиничка слика. Тој информира дека има пациенти кои поради влошена здравствена состојба, ниска сатурација, не може да се транспортираат и истите покрај овој факт ќе мора да се лекуваат во кичевската болница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This