March 28, 2024, 11:51 am

Зaмop, тpecкa, пpoблeми co кoнцeнтpaцијa: Oва ce cимптoмитe нa „дoлг koвид“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Епидемијата со коронавирусот започна пред повеќе од година и пол. Тој мутираше, се појавија некои нови симптоми и лекарите предупредуваат дека има долг ковид, односно дека луѓето кои биле заразени откако ќе оздрават чувствуваат симптомите со месеци.

Научниците од Медицинскиот факултет во Пенсилванија утврдија дека повеќе од половина од вкупно 236 милиони луѓе на кои им бил дијагностициран ковид-10 од декември 2019 година, имале симптоми на пост-ковид и шест месеци откако биле излечени од вирусот.

Откриле и кои симптоми на долг ковид се најчести.

Замор

Повеќе од половина од луѓето кои биле во кревет пријавиле хроничен замор како симптом. Тоа не е само чувство на поспаност, туку тој замор што ви го отежнува извршувањето на најосновните секојдневни обврски.Некои пациенти го споредуваат со замор што се јавува по напорниот тренинг. Исто така, тие велат дека по кратка прошетка или, да речеме, миење садови, имаат страшно чувство на замор во следните 24 до 48 часа.

Болка

Водечкиот американски епидемиолог д-р Ентони Фаучи веќе извесно време предупредува за „мијалгија“, односно болка што се јавува како симптом на долгорочна ковид. Болката може да се појави насекаде – во грбот, стомакот, градите, главата, а пациентите исто така пријавуваат страшна мигрена.

Губење на тежина

Повеќе од половина од луѓето кои биле излекувани од ковид пријавиле губење на тежината. Не е невообичаено човек да изгуби тежина по вирусната инфекција, поради губење на апетит.

Треска

Треска е знак дека телото се бори со инфекција, што е генерално добра работа. Сепак, д -р Ентони Фаучи предупреди дека нарушувањето на температурата, односно треската, често се појавува како симптом на долг ковид.

Проблеми со концентрација

Проблеми со концентрација и меморија се јавуваат кај секој четврти човек кој страдал од ковид. За некои, овој симптом е толку изразен што им е тешко да пишуваат и да разговараат, на пример.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This