Зaнaeтчиcкa кoмopa Скопје нa нoзe: Дoкoлкy нe ce изглaca зaкoнcкoтo peшeниe зa финaнcиcкa пoддpшкa мнoгy зaнaeтчии ќe пpecтaнaт co вpшeњe нa дejнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во услови на криза настаната поради епидемијата со Ковид-19 занаетчискиот сектор се соочува со многу предизвици. Занаетчиите се соочуваат со намалена побарувачка на занаетчиските производи и услуги, проблеми со одржување на ликвидноста на бизнисот, недостаток на финансии за исплата на плати и придонеси за вработените, преоптовареност со парафискални давачки како и сивата економија како нелојална конкуренција на легалниот бизнис.

Занаетчиите, беа директно вклучени во креирањето на мерките за петиот пакет за справување со пандемијата од Ковид-19, кои беа со цел во наредниот период да помогнат во справувањето со кризата од коронавирусот .

Со задоцнетиот 5-ти пакет мерки за стопанството, занаетчиството се соочува со многу потешкотии. Занаетчиите ја очекуваат најавената финансиска подршка за плати за месеците февруари и март 2021, кое што законско решение се уште го немаме. Често поставувано прашање е како да се издржи наредниот период без финансиска подршка од државата.

Како мерка која се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза е мерката за финансиска подршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор. Без финансиска подршка за плата многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените.

Занаетчиската комора Скопје тврди дека голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка на РМ, поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците.Паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии, и тие воопшто не можат да аплицираат.

Измената на Законот за ДДВ за намалување на даночната стапка од 18% на 5%, кој беше дел од четвртиот пакет мерки за справување со ковид кризата не беше согласно барањата на занаетчиите, затоа што во измените и дополнувањата влегоа многу мал број занаетчиски дејности кои не се ДДВ обврзници.

Претседателот на Занаетчиската комора Скопје – Горан Ристовски, истакна дека сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, падот на побарувачката на занаетчиски производи и услуги е драстичен а со тоа се јавуваат и финансиски проблеми кај занаетчиите како да го одржат бизнисот ликвиден, и да ги исплатат тековните трошоци: закуп, тековни трошоци за струја, вода, плати за вработени и други трошоци.

Ковид кризата го доведува во прашање опстанокот на целиот занаетчиски сектор, доколку не се изгласа законското решение за финансиска подршка многу занаетчиски бизниси ќе престанат со вршење на дејност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This