Зaпaдoт и пoнaтaмy нe гo пpизнaвa Лукашенко, пpoтecтитe вo зeмјaтa пpoдoлжyвaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе земји од Европа, а од неодамна и САД се огласија дека не ги признаваат објавените резултати од изборите во Белорусија, а истовремено и претседателството на старо-новиот лидер на земјата Александар Лукашенко. Како што пренесува РСЕ, повикувајќи се на Стејт департментот, објавените резултати од гласањето, според Вашингтон, се лажни и не го пренесуваат легитимитетот на Лукашенко.

– Соединетите Американски Држави не можат да го сметаат Александар Лукашенко за легитимно избран лидер на Белорусија. Стејт департментот повика на „национален дијалог“, кој ќе кулминира со „слободни и фер избори под независно набљудување“ – рече портпаролот на Стејт департментот. Во меѓувреме во земјата продолжуваат масовните протести по тајната инаугурација на Лукашенко од пред неколку дена, по што Европската Унија веднаш објави дека не го признава изборот на Лукашенко.

Инаку по инаугурацијата, во Минск избувнаа спонтани демонстрации. Илјадници демонстранти се собраа пред да пристигнат трупите на Министерството за внатрешни работи, каде што во ноќта на инаугурацијата групи демонстранти блокираа некои улици во главниот град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This