Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нестручно и несовесно вршење на функцијата е главната точка во сценариото кое треба да доведе до смена на Вилма Русковска шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

Извори во Јавното обвинителство тврдат дека во пресрет на локалните избори во октомври и пред нови можни предвремени парламентарни избори високи функционери во Владата сакаат да стават целосна контрола врз најважниот дел од македонското обвинителство кое се занимава со гонење организиран криминал во кој најчесто како обвинети завршуваат членови на владеачки структури.

Со последниот избор на неколку контроверзни обвинители во ова обвинителство власта создаде услови за контрола на сите процеси кои веќе се водат или ќе се водат во иднина против луѓе од или блиски на владата но за целосно спроведување на планот погребано е да се “елиминира” и шефицата на ЈО за организиран криминал, тврдат извори во Обвинителството кои се добро упатени во планот на власта.

Причините за обид за смена на Русковска се во неколку истраги за кои не беа информирани други државни инситуции и политичари на власт и инсистирање на висок владин функционер Русковска да “биде ставена под контрола” или да биде сменета.

Во најмалку два случаи познати за јавноста се до пред задолжителното инволвирање на други институции Русковска не информирала никого за преземените дејствија што предизвикало револт во владата каде што, обвинителството кое е независен правосуден орган, “де факто” се смета за владино тело.

Координативната средба на премиерот Заев со Државниот обвинител Љубомир Јовески и претседателот на скопскиот кривичен суд во просториите на владата за време на бегството на Сашо Мијалков е најдобриот пример за тоа како владата ги доживува обвинителството и судовите, велат изворите од ЈО каде велат дека Русковска е свесна за планот против неа но дека не се чувствува загрозена.

Во сценариото за смена на Русковска се споменуваат и анимозитетот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кон обвинителката која ја тужеше партијата и со која води јавна војна, при што во власта се анализира дека за нејзина смена ќе се добие согласност и од опозицијата.

Друга важна карика на која се смета при смена на Русковска е актуелна истрага која се води во Обвинителството а во која се истражува и улогата на обвинителката за организиран криминал.

За наследник на Русковска во политичките и правосудни кулоари веќе се смета екс обвинител/ка од згаснатото СЈО кој/а важи за човек од доверба на власта.

Оваа одлука треба да ја донесе Советот на јавни обвинители каде засега власта има најмалку тројца сигурни гласови против Русковска.

Во Советот на јавни обвинители има вкупно 11 членови кои треба да ја донесат одлуката за евентуална смена на Русковска.

Кои се членовите на Советот на јавни обвинители на овој ЛИНК.

Во продолжение законските услови под кои може да биде сменета Русковска.

2) РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Член 35

Јавен обвинител се разрешува од функција:

а) Поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на функцијата јавен обвинител пропишана со член 69 од Законот за јавното обвинителство; или

б) Поради нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител, поради причини пропишани со член 71 од Законот за јавното обвинителство.

Член 36

Постапката за утврдување на потешка дисциплинска повреда и на нестручно и несовесно вршење на функцијата на јавниот обвинител ја спроведува Комисија формирана од јавниот обвинител на Република Македонија.

Во оваа постапка Советот одлучува по жалба против одлуката на Комисијата од став1 на овој член.

Одлуката по жалба, Советот ја донесува со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Одлучувајќи по жалба Советот може да ја укине, измени или потврди одлуката на Комисијата.Кога ја потврдува одлуката на Комисијата од ставот (1) на овој член со која е изречена мерка разрешување од функцијата јавен обвинител, Советот донесува посебно решение со кое се констатира престанок на функцијата.

Извор: expres.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This