Зaтвopeник пyштeн нa cлoбoда вpши пoткyп во Охрид пред зградата кaдe живeaт coциjaлни cлyчaи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лице за кое има информации дека е затвореник пуштен на слобода на денот на избори е сликано во возило од кое според очевидци се врши поткуп и се организира транспорт на социјални случаи до гласачки места.

Сликата е направена пред зградата во Охрид каде живеат социјални случаи.

На фотографијата која ни ја доставија читатели на expres.mk а која е извадена од видео снимка се гледаат две лица во возило од кои едното според фотографијата отвара паричник.

Сведоците тврдат дека по нарачка на една политичка партија на власт со возилото се носат дел од жителите на таканаречената Социјална зграда на гласање.

За разлика од вчера и завчера кога пред оваа зграда имаше паркирано повеќе полициски патроли денеска низ овој реон одвреме навреме поминува полициско комбе кое не застанува и не ги проверува луѓето кои се споменати погоре.

Фотографијата е доволна причина за интервенција на Јавното обвинителство и МВР во насока на проверка на информациите за можен поткуп.

Извор: expres.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This