April 23, 2024, 11:43 pm

Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo cкoпcки Аеродром – пpивeдeни 9 лицa, oд кoи двe билe вpaбoтeни вo МВP

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 19.05.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на бул. „Јане Сандански”.

При контролата било констатирано дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР, кои одбивале да се легитимираат.

Станува збор за Б.Д. (48) и З.Ц. (49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.

За настанот бил запознаен Одделот за внатрешна контрола при МВР. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This