Зa пpв пaт oд 2019 гoдинa: Миниcтpитe зa нaдвopeшни paботи нa Г7 ќe oдpжaт cocтaнoк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите за надворешни работи и развој на Г7 денеска ќе го почнат првиот лице-в-лице состанок во последните две години, како дел од претседателството на Британија со групацијата на богатите земји. Последниот состанок на министрите за надворешни работи од водечките светски економски сили се одржа во Франција, во април 2019 година поради глобалната пандемија на коронавирусот.

Контактот од тогаш беше преку интернет. Британскиот секретар за надворешни работи Доминик Рааб рече дека строгите мерки за безбедност за ковид-19, вклучително и дневно тестирање, ќе бидат воспоставени за состанокот, што ќе се одржи во Лондон од 3 до 5 мај. Неговиот кабинет ја опиша како „клучна можност за ревитализација на личната дипломатија“ и ќе се фокусира врз глобалниот одговор на пандемијата, особено врз вакцините. Средбата е шанса „да се покаже како соработуваат најголемите демократии во светот“ за низа итни прашања, се наведува во изјавата.

Лидерите на Г7 се очекува да присуствуваат на нивниот годишен самит во Корнвол, југозападна Англија, во јуни. Минатогодишниот настан беше откажан во САД. На министрите за надворешни работи од Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД ќе им се придружат претставници од Европската унија. Исто така се поканети Индија, Австралија, Јужна Кореја, Јужна Африка и првиот човек на Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН). Британија е домаќин и на самитот на ОН за климатски промени во Глазгов во ноември. Конференцијата беше одложена минатата година поради светската здравствена криза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This