Зa eднo дeнoнoќиe aнгaжиpaни 535 пoлициcки cлyжбeници aнгaжиpaни зa пoжapитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 24.08.2021 до 07.00 часот денеска (25.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 535 полициски службеници, реализирани 214 мото-патроли и користени 160 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

На 23.08.2021 година, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Н.(73) од Скопје за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 11.08.2021 околу 14.20 часот во с.Секирник, тој бил забележан во неговото дворно место, каде за кусо време настанл пожар во кој биле опожарени дрвја, трева и дрвена бандера во близина на дворното место на пријавениот.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е континуирана будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This