Зa oбнoвa нa paзypнaтиoт Бејрут пoтpeбни ce 2,5 милиjapди дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Донаторите за обнова на Бејрут го претставија планот за обнова и помош на населението по експлозијата во пристаништето на почетокот на август во која загинаа над 200 луѓе, оценувајќи дека се потребни 2,5 милијарди долари кои ќе се исплатат во 18 месеци.

Планот за „реформа, опоравување и обнова“ или „рамката 3РФ“ ја подготвија Европската Унија, Обединетите нации и Светската банка.

Станува збор за насоки за да им се помогне на најслабите благодарение на меѓународни субвенции за да се распоредат средствата за обнова, истовремено со темелни реформи.

Експлозијата ја предизвика пожар во магацин во кој, како што признаа властите, без заштитни мерки со години се чувале тони амониум нитрат. Во несреќата беа повредени повеќе од 6.500 луѓе и уништени беа цели квартови.

За „првичните потреби“ на населението „се планира да се издвојат 584 милиони долари (околу 480 милиони евра), од кои 426 се очекуваат во првата година“, се наведува во извештајот за „рамката 3РФ“ објавен денес. Трошоците за реформи и обнова се проценуваат на 2 милијарди долари (околу 1,6 милијарди евра).

Но, ЕУ, ОН и Светската банка предупредија дека меѓународната помош во обновата на главниот град на Либан ќе зависи од „веродостојниот напредок и владиното спроведување на реформите“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This