Зaceгa e пoбapaнo згpижyвaњe зa 750 aвгaниcтaнcки цивили, бeзбeднocнaтa пpoвepкa ja вpши AHБ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега бројката за згрижување авганистански цивили е 750 лица, таа бројка флуктуира меѓутоа секогаш е во рамките на можностите коишто Владата ги проценува дека ние можеме привремено да ги згрижиме тие луѓе се додека не се процесуираат нивните документи за нивната конечна дестинација, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

–Првите бројки со коишто комунициравме беа барања од страна на меѓународни организации, наши партнери за привремено згрижување на авганистански цивили, жени, деца, луѓе коишто беа во функција на нашата мисија 20 години во Авганистан, мисија за која што ние се гордееме дека бевме заедно со партнерите во овој период. Како се зголемува бројот на барања групата во рамки на Владата прави проценка во која што се имаат предвид сите аспекти и логистички, и безбедносни и здравствени и сите можни аспекти за коишто имаат надлежност институциите коишто се присутни во таа група и врз основа на тоа ги потврдуваме или не ги потврдуваме барањата, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МНР со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој посочи дека досега комуникацијата по однос на барањата за згрижување одеше преку нашите партнери, нашите сојузници и невладините меѓународни организации коишто работеле заедно со нашите партнери и заедно со нашата војска во текот на 20 години ангажман во Авганистан. Ние, вели Османи, сме спремни уште од минатата недела тие 750 да ги прифатиме, логистички да ги поддржиме, но, кога тие ќе тргнат зависи од состојбата, безбедносна во Авганистан и можноста тие да бидат транспортирани.

–Тоа се податоци кои се менуваат од час во час. Имаше една група на пример која што требаше да дојде во државата која што замина за Катар, меѓутоа отпосле сменија дестинација, наместо во Македонија во друга држава. Така што се менува ситуацијата. Ние имаме централна група на ниво на Влада која што ја води премиерот, и сите министри коишто имаме надлежности во тој дел, меѓутоа има и посебна работна група во МНР и сметам дека ние сме спремни за оваа улога што ја имаме како држава на меѓународната сцена, но и да ја покажеме солидарноста на државата, како и партнерството кон Сојузот во којшто припаѓаме, вели шефот на дипломатијата.

Министерот Спасовски запрашан за тоа дали МВР гарантира безбедност, вели врвен приоритет е зачувување на безбедноста и стабилноста на нашите граѓани на државата, но и дека цивилите кои треба да пристигнат не се радикали или лица кои можат да предизвикуваат какви било проблеми од овој аспект.

-Ние како МВР сме должни да ги преземеме сите мерки за да безбедноста, пред се на нашите граѓани, на нашата држава биде на едно високо ниво. Вие знаете дека во 2015-2016 година имавме повеќе од 1,1 милион поминати мигранти низ територијата на државата. Така што, тогаш исто така одговоривме како држава најсериозно и за тоа сме оценети не само од ЕУ, туку генерално од сите наши партнери дека сме ги презеле навистина сите можни мерки се со цел да ја зачуваме безбедноста и да имаме хуман пристап кон овие цели. Така што граѓаните да бидат спокојни во тој дел, немаме апсолутно никакви индикации за евентуално нарушување на безбедноста, ниту може да стане збор за такво нешто, вели министерот Спасовски.

Во однос на статусот тој повтори дека тие ќе имаат привремен престој од 90 дена, а еден дел од процедурата за издавање на дозвола за привремен престој е и правење безбедносна проверка преку Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

-Така што службите се во постојана комуникација со сите наши релевантни фактори во однос на тоа кои се луѓето коишто треба да пристигнат и апсолутно секој еден којшто претставува каков било ризик ние нема да дозволиме да биде на територијата на државата, едноставно само луѓе кои се цивили, кои работеле во ваквите организации. Овде не станува збор за наши државјани. Знаете дека ние имавме една поголема група на наши државјани коишто беа на воените подрачја во Сирија, во Ирак и во Авганистан и се повратници тука. Тие претставуваат безбедносен ризик, беа на издржување на затворските казни итн., меѓутоа тоа е веќе еден друг дел. Сакам да кажам дека опасноста е поголема од луѓето коишто се радикализирани со коишто државата работи многу повеќе во смисла на ресоцијализацијата, преземање на репресивните мерки итн., вели министерот Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This