March 29, 2024, 12:11 am

ЗAEВ ЌЕ ГО МЕТИ СУГАРЕВСКИ:На негово место струмичанецот Китанов за нови бизниси?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од министрите кои ќе добие метла од премиерот Заев и ќе биде сменет е министерот за транспорт Горан Сугарески, дознава КУРИР.

Од неофицијални извори дознаваме дека на негово место ќе биде поставен сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Упатените толкуваат дека Заев ќе побара смена на Сугарески поради инсталирање на лојален кадар од струмичкото лоби на оваа функција.

Практично, коментарите се дека Заев е свесен дека шансите за победа на наредните избори се минимални, по што сега ја зацврстува контролата врз ресорот со Китанов кој важи за човек близок до Вице Заев и Јавор Шпед на Горан Крстев – и двајцата дел од градежниот бизнис.

Ваквата позиционираност отвора нови перспективи за работа. Ова наоѓа на негодување на прилепското лоби во СДСМ кое останува без значајна потпора изразена во актуелниот министер.

Од СДСМ денес се воздржани за било какви коментари. Дали ваквите тврдења ќе се реализираат останува да видиме во текот на денот кога СДСМ има закажано нова седница на Централениот одбор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This