ЗAEB: Ќе победиме со 100.000 гласа разлика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во 24 Отворено вели дека е уверен во победа во вториот круг и смета дека тоа ќе биде убедлива победа изразена со 100 000 гласови разлика. Тој истакна дека голем дел од гласовите коишто беа поделени меѓу Пендаровски и Река во првиот круг, сега ќе се пренасочат кон нивниот претседателски кандидат.

Исто така, тој очекува дека голем дел од гласачите кои не излегоа во првиот круг со намера да покажат одредено незадоволство од владеењето, сега по преземените чекори и најави за итни смени во владиниот прв, втор и трет ешалон, дека ќе излезат и дека ќе ја дадат поддршката за европска Северна Македонија, членка на НАТО.

„Тоа е единствениот концепт што земјата ќе ја води напред и уверен сум дека гласачите тоа ќе го препознаат“ – изјави Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This