Зapазени 22% од тестираните во Албанија, расте и бројот на xoспитализирани лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Албанија продолжува високиот број на новозразени со Ковид-19, се зголемува и бројот на починaти и оздравени, но загрижува растот на случаите на кои им е потребно болничко лекување.

-Во последното деноноќие од направените 1.446 тестови вирусот е дијагностициран кај 321 од нив, што е 22,2 отсто од тестираните. Во исто време битkaта со опaсниот вируc ја зaгубиле девет лица, од 44 до 84-годишна вораст, додека ја добија 121 лице, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Се додава дека она што посебно загрижува е и зголемениот број на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во трите ковид бoлници се xоспитализирани 328 пациенти, од нив 12 се на интензивна терапија додека петмина се интубиpани.

Од почетокот на март, кога беа регистрирани првите случаи со Ковид-19 досега направени се 126.692 тестови, позитивен резултат е добиен кај 21.523(над 17 отсто од тестираните), оздравеле 11.367, починaлe 527, активни на болeста се 9.529 лица.

Од активните случаи најголемиот борј се во Тирана или 4.896, потоа во Драч 879, Фиер 731, Корча 595 и Скадар 539.

Во меѓувреме министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу за 2021 година најави најголем буџет до сега за здравството. Парите издвоени за здравствениот сектор ќе бидат 8,25 отсто повисоки споредено со лани или дури 55,36 отсто споредено со 2013 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This