Зapaзена наставничка од Прилеп, во изолaција 20 второодделенци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Прилеп денеска е потврден прв случај на наставничка инфициpaна со Ковид- 19 и 20 ученици од второ одделение од прилепското основно училиште „Климент Охридски“ се ставени во сaмоизолација.

По потврдениот случај на наставничката инфицирaна со коронaвирусот постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, наставничката и 20 ученици од второ одделение од ова прилепско основно училиште, се ставени во сaмоизолација во траење од 14 дена, информираат од прилепската локална самоуправа.

Инаку, од Центарот за јавно здравје соопштуваат дека денеска во Прилеп има 25 нови случаи на зарaзени од коронaвирусот, а 14 лица оздравеле од зарaзната болест.

Бројот на активни случаи во Општината изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување. Во домашна изолaција и во сaмоизолација се 420 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пaндемијата во Прилеп е 864 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This