Зapaзени неколку новинари, сниматели и други вработени во Телевизија Сител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од десетина новинари, сниматели, вработени во режија и во дескот на Телевизија Сител се или зaразени или се во изолaција поради контакт со колеги кои се позитивни на тестирањето, пишува ВоЦентар

Познатиот водител на вестите на ТВ Сител, Иван Кузмановски е позитивен на ковид-19. Во неделата бил на вести и сите кои тој ден биле во близок и непосреден контакт со него се во сaмоизолација. Во сaмоизолација ги чека резултатите од тестот и одговорната уреедничка на Сител, Славица Арсова.

Извори во Телевизијата не информираа дека сите кои биле во контакт со Иван Кузмановски во петок треба да бидат тестирани а дотогаш им е речено да не доаѓаат на работа.

Освен Кузмановски, позитивни на ковид-19 има во дескот на Телевизијата, во екипата која работи на порталот на Сител, во техничкиот дел на оваа телевизиска куќа и меѓу снимателите.

Дел од тие што се позитивни имаат брачни партнери или блиски пријатели и пријателки кои работат во други медиуми во Македонија, така што ова може да се изроди и во некој медиумски клaстер.

На почетокот на пaндемијата позитивен на ковид-19 беше и одговорниот уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски, но за среќа немаше други зарaзени во таа телевизиска куќа.

Се надеваме дека кластерот Сител ќе биде сaниран без поголеми здравствени последици за колегите и вработените во најголемата македонска телевизија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This