March 29, 2024, 12:59 pm

Зapeм??: СЗО твpди дeкa e oткpиeн извopoт нa пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во извештајот што ќе биде објавен во следните недели, СЗО детално ќе го објасни изворот на пандемијата на Ковид-19, пишува livescience.

СЗО започна опсежна истрага во јануари со цел да го открие изворот на пандемијата, а сега велат дека се работи за фарми на диви животни. Многу од фармите се наоѓаат во провинцијата Јунан. Оттаму препродавачите набавуваат диви животни за пазарот на морска храна Хуанан во Вухан. Токму од таму потекнуваат првите откриени случаи на Ковид-19 од минатата година.

Питер Дазак, еколог од тимот на СЗО, за сајтот НПР го раскажа своето искуство во оваа мисија да го бара изворот на пандемијата и рече дека некои од овие диви животни може да биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2, и дека тие го зеле вирусот од лилјаците кои се многубројни во Јунан.

СЗО ќе објави детален извештај за своите наоди во наредните недели. Мисијата започна во јануари, по серијата теории на заговор што се раширија низ целиот свет. Една од нив беше дека вирусот некако избегал од лабораторијата во Вухан, а СЗО го исклучи тоа сценарио минатиот месец, со образложение дека нема докази за тоа.

Научниците се согласуваат дека вирусот циркулирал во лилјаци, а потоа „скокал“ врз луѓето преку посредници, најверојатно преку диви животни кои биле продавани на пазарот.

Овие фарми за диви животни се дел од проектот охрабрен од кинеската влада во изминатите 20 години, за да му се помогне на руралното население да излезе од сиромаштија и недостиг на храна.

Во февруари 2020 година, Кина ги затвори овие пазари затоа што кинеската влада заклучи дека пазарите се дел од синџирот на пренесување на вирусот од лилјаци на луѓе. Така, сите продавачи и земјоделци добија детални упатства од владата за тоа како да ги убијат и запалат животните за да не се шири понатаму болеста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This