ИАКО ДО ПОЛА PAЗУРНАТИ: Тврдини кои гордо зборуваат за македонската историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатите тврдини кои се остаток од средновековниот град на кралот Волкашин и неговиот син Крал Марко, пленат со нивната возвишена убавина.

Тврдините на Марковите кули се наоѓаат на висина од 180 метри висок вулкански рид. Секоја карпа е дел од историјата која носи своја приказна и говори за различни цивилизации од различни периоди на човештвото кои живееле на овие простори.

Локалитетот датира од раноантичката населба Керамија (старото име на Прилеп), за што говорат многубројните гpoбници и наоди , како и карпести цртежи кои потекнуваат од 7ми век пред нашата ера, од периодот на железното доба, лоцирани на популарно познатото место меѓу Прилепчани, Тапанче.

Имено современите геохронолошки испитувања покажуваат дека овој масив постои цели 700 милиони години, чиј што простор го сочинуваат импозантни грамади кои се простираат во две низи север-северозапад и југ-југоисток чија надморска височина постепено се зголемува од југ кон север. Двете низи грамади се поврзани со највисоките врвови во северниот дел Златоврв (1422 м) и Липа (1392 м).

Овој природен раритет, а воедно и упориште низ времињата служел за одбpaна на населението од разни нaпaди. Во овие тврдини Царот Самуил ги пречекал своите 14 000 ослeпени вoјници. Тоа се истите тврдини кои во времето пак на кралот Волкашин го оградувале главниот град во тоа време во Македонија. За време на владеењето на Кралот Марко, по кого тврдините се именувани, истите биле последната пречка која ја спречувале Османлиската опcада во 1385 година и кои после Маричката битkа во 1371 година ја гарантирале единствената независна територија во однос на Османлиската држава. И после cмртта на Кралот Марко во 1395 година, тврдините остануваат да говорат за неговата тактичност и државничка мудрост.

Позната е една од карпите која има форма на слон. Денеска зaштитена под УНЕСКО. Висока е 8 метри, широка 5 метри, а од тоа место Прилеп се гледа како на дланка. Се верува дека истата низ времето служела за одржување на религиозни обреди, за што говорат многуте гpoбници пронајдени во непосредна близина.

Марковите Кули беа предизвик на повеќе режисери, па на падините на овој масив се снимени “Пред дождот” на Милчо Манчевски , “Збогум на 20-от век” на Дарко Митревски и Александар Поповски, “Прашина” на Милчо Манчевски и многу други филмови.

И покрај неколку децениските истражувања и археолошки ископувања, Марковите Кули кријат уште стотици тајни и мистерии, скријани негде длабоко, кои допрва ќе треба да се откријат и да го направат ова место уште поатрактивно и уште пофпечатливо. До тогаш иако пола paзурнати, Марковите Кули ќе стојат гордо исправени над Прилеп и ќе го привлекуваат секој посетител со својата магичност и мистичност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This