Иако Заев вeтyвaшe cтyдиpaњe пo европски cтaндapди, студентите ceкоja зимa ги ocтaвa бeз гpeeњe кoгa cпpeмaaт иcпити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако СДСМ во нејзината програма ветуваше целосно подобрување на условите на студентите преку изградба на студентски град со нови студентски домови во Скопје како и изградба на нови студентски домови во градовите низ државата каде што има седиште на државен универзитет, не само што ништо од тоа не реализираше, туку како и секоја година откако се на власт така и оваа, студентите со недели се оставаат сред зима и во испитна сесија без греење и без топла вода.

Државниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје од 4 јануари нема греење поради технички проблем со Агенцијата за стокови резерви, а ова за еден од медиумите го признава и самиот директор Виктор Велевски.

Но, ова на студентите им е добро познато бидејќи не е првпат во овој период од годината кога е ладно, а треба да спремаат испити, да бидат оставени без греење и топла вода во субстандардни услови што директно влијае врз нивните резултати.

Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“  иста беше ситуацијата и лани во декември, кога  во ек на колоквиумска сесија студентите беа приморани да учат во нечовечки услови бидејќи читалната немаше греење а температурите беа околу нулата.

А дека ваквите пропусти не се случајност и дека на Владата е им се битни младите и воопшто не се грижи за нив се потврдува и со тоа што вакбва ситуација имаше и во 2018 кога студентите во студентските домови беа оставени две недели без парно греење и топла вода.
И покрај тоа што после доаѓањето на власт, СДСМ или реформската Влада како што се нарекуваа велеше дека приоритет ќе и бидат младите и дека ќе изгради нови студентски домови со што ќе се подобрат условите како што им доликува на студентите, во континуитет на површина излегуваат пропусти кои за жал го потврдуваат спротивното.

Ситуацијата во студентските домови од ден на ден наместо на подобро, оди на полошо, и наместо да се обезбедат услови за да се задржат во државата со влошување на истите, младите се стимулираат да заминат во странство за подобар и подостоинствен живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This