ИБИЦА И ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА, ДОДЕКА КРИВА ПАЛАНКА ГОРИ: Додека Љупче се шлапка во скапи и монденски летувалишта, горат куќи, плевни и шума!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Крива Паланка се гневни од однесувањето и негрижата која новата Влада на Зоран Заев го покажува кон нив, но и кон граѓaните од целата држава. Тие посебно се разочарани од нивниот сограѓанин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој додека во Крива Паланка има пожари, во кои изгореа куќа и две плевни, а се уште гори шума, тој си тера одмор во Шпанија и Италија.

Изминатите 24 часа на подрачјето на Крива Паланка се случиле два пожари, од кои едниот сè уште не е ликвидиран.

Од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка информираат дека во едниот пожар, кој избувнал вчера околу 17 часот, во село Длабочица, опожарена е вкупна површина од девет хектари, додека рано утринава избувнал пожар во село Градец, каде се опожарени два хектари шума, бор и листопадни дрвца.

Во гасењето на двата пожари се вклучени и екипи на Јавно претпријатие Македонски шуми и Подрачно шумско стопанство „Осогово“.

Зоран Заев во посета на Крива Паланка

– Во пожарот во Длабочица опожарени се една куќа, две плевни, бандери, родни дрвца околу три декари и останата површина мешана шума и сува трева. Пожарот е локализиран околу 21 часот синоќа, но дел од старите дабови се уште горат. Екипи на ЈП „Македонски шуми“ дежураа во текот на ноќта и нашите пожарникари, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Посочи дека екипите се уште се на терен и работат на целосна ликвидација на пожарот, додека пожарот во село Градец, на локација спроти градската депонија целосно бил ликвидиран во 9 часот утринава.

Додека Николовски ужива на преубавите плажи во Шпанија, граѓаните на неговиот град Крива Паланка се плашат за своите животи и дека можеби ќе останат без кров над главата.

Како што велат граѓаните тие се револтирани од односот на новата власт, а посебно од својот сограѓанин Николовски. Граѓаните го повикаа него наместо да седи по скапи ресторани и да оди на скапи одмори,  да се фати за работа и да му помогне на народот.

-Куќите ни се во опасност никој досега не нема прашано како ни е, каква е состојбата. Државата со ништо ни нема помогнато. Навистина разочарани сме и навредени од негрижата која ја покажуваат премиерот Зоран Заев и нашиот сограѓанин министерот Николовски, истакна еден повозразен жител на селото Длабочица.

-Наместо да седи по кафеани и да оди по скапи одмори на преубави плажи, Николовски да дојде тука и да се погрижи за местото од каде потекнува. Никаква реакција се уште немаме од државните институции, ова е навистина срамота, вели друг граѓанин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This