ИВАНКА ТРАМП ПРВ ЧОВЕК НА СВЕТСКА БАНКА: Омилената ќерка на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светот го обиколи веста дека ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп е кандидатка за претседател на Светска банка.

Иванка, како што пишува Бизнис инсјадер, би го заменила претседателот на Светска банка во заминување Џим Јонг Ким.

Изненадното заминување на Кин на банката било големо изненадување за вработените. Администрацијата на Трамп во претходниот период беше внимателна и дури непријателска кон западните меѓународни институции како што е Светска банка. Овој пат, тие добија задача да му дадат препорака на Управниот одбор на Банката.

Но која е Иванка Трамп, првата ќерка на актуелниот американски претседател?!

Целиот живот на Иванка Трамп поминува под светлата на рефлекторите. Како омилено дете на татко си Доналд Трамп таа има многу улоги – бизнисменка, социјален активист, советник во Белата куќа. Освен тоа е сопруга и мајка на три деца. Како успева да се справи со се?

Иванка е родена на 30 октомври 1981 година во Менхетен, Њујорк. Таа е средното дете на Доналд и неговата прва сопруга Ивана Трамп, која е модел од Чехословачка. Родителите и ‘се разведуваат во 1992 година, откако нејзиниот татко ја изневерува мајка и со актерката Марла Меиплс (од која подоцна исто така има ќерка – Тифани). Во тоа време Иванка има 11 години.

Таа посетува училиште за девојки Chapin School во Менхетен, во кое учела и поранешната прва дама Џеки Кенеди. Потоа оди во Choate Rosemary Hall во Конектикат, на кое пак дипломирал Џон Кенеди. По завршувањето на гимназијата, Иванка учи „Економија“ во Џорџтаун и на Универзитетот во Пенсилванија.

Во меѓувреме работи како модел, слично како мајка си. Учествувала во коментарите на Versace и други големи дизајнери, снима и доста фотосесии за списанија.

Вистинската нејзина страст сепак е семејниот бизнис. Почнува да работи во компанијата на својот татко во 2005 година и брзо стекнува водечка улога. Водела преговорите за некои од најголемите зделки и успева да обезбеди големи профити на „Trump Organization“. Се појавува и во реалното шоу на татка си – „The Apprentice“.

Повторно во 2005 година Иванка го среќава Джаред Кушнер, син на магнат за недвижности. Нивната врска е со прекини, но на 25 октомври 2009 година тие се венчаваат. Поради Джаред Иванка го прифаќа јудаизмот. Двајцата имаат три деца – Арабела, Џозеф и Тео, кој се роди во 2016 година.

Во 2009 година Иванка ја објави својата прва книга, насловена како „Картата Трамп“. Таа станува неприкосновен бестселер. Се очекува втората нејзина книга да излезе во мај оваа година. Ќерката на Трамп има и свои колекции облека и накит. Вклучена е во различни добротворни иницијативи во Њујорк.

Луѓето ја опишуваат како пријателски настроена, учтива, елегантна, способна, но и жена која жири малку страв. Самата Иванка признава дека – слично на својот татко – има големо его.

Двајцата – Доналд и Иванка – се исклучително блиски. Несомнено таа е неговото омилено дете. Иванка покажа голема помош во кампањата на татка си и според многу аналитичари влијаела за тоа тој да ги добие гласовите на доста жени кои и ‘се восхитуваат. Токму Иванка е човекот чии телефонски повици Трамп никогаш не ги игнорира.

По изборите Иванка и Џаред се преместија да живеат во Вашингтон. И двајцата ќе играат водечка улога во управувањето на САД во следните години. Се смета дека Првата ќерка ќе преземе голем дел од обврските кои во принцип би требало да се извршуваат од Првата дама. Како ќе се справи Иванка – ќе видиме.

Во април 2017-та Иванка Трамп соопшти дека ќе формира фонд за финансирање на жени претприемачи од целиот свет.
Неговата цел е да обезбеди работа и капитал на мали и средни компании.

„Статистиката покажува дека кога инвестирате во жени и девојки, тоа носи придобивки за развиените и земјите во развој. Жените се огромен неискористен ресурс, од клучно значење за развојот на сите страни“, рекла Иванка Трамп.

Доналд Трамп ја поддржува идејата на ќерка си .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This