ИВАННА, ШЕФИЦАТА НА ПРОТОКОЛ : Да се работи со премиерот Заев е огромно задоволство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стружанката Иванна Хаџиевска ја паметиме уште како водителка на емисијата „Ексклузив“ на ТВ А1, а сега е шеф на протокол на премиерот Зоран Заев.

Таа на својот профил на Инстаграм објави „ретро“ фотографија со која се сеќава на своето детство.

Во интервју за Женски Магазин, Хаџиевска откри дека како мала не и било сон да биде на телевизија.

– Кога бев мала сакав да бидам ветеринар и морам да признаам дека денеска ми е многу жал што не си го остварив детскиот сон, но секојдневното помагање на бездомните животни, сè уште ми ја одржува поврзаноста меѓу желбата и реализацијата.

Главната професија низ дома кога на четири години научив да читам и пишувам, ми беше „читање вести“ од картончето од хулахопките на мајка ми, инаку А5 формат како на права спикерка, на кое со омилената розева боичка пишував исклучиво политички вести- раскажа таа.

Ивана Хаџиевска: Работам за човек, а потоа за политичар

Шефицата на протоколот на премиерот Зоран Заев, Ивана Хаџиевска, меѓу првите објави фотографија со газдата на телевизијата „А1“, Велија Рамковски, под која напиша дека повторно ѝ ја вратил насмевката. По струшка линија го бранеше Дарко Лешовски. Беше водителка на некогаш популарната „Ексклузив“ и доволно провокативна во календарот на „Пелистерка“ во 2011 година.

„Да се работи со премиерот Заев е огромно задоволство. Но, не затоа што се работи за премиер на државата, туку, пред сѐ, затоа што јас работам за човек, а потоа за политичар“, открива Хаџиевска. Таа вели дека како дипломиран социолог, а подоцна и магистер на политички науки, по некој редослед на настаните се нашла во оваа политичка приказна. „Политиката можеби не е во центарот на моето работење, но ако некогаш решам да се занимавам со политика и да станам политичар, навистина имам добра подготовка“, раскажува таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This