ИВАНОВ ГИ ПОСЕТИ ВОЈНИЦИТЕ: Врховниот командант ги посети војниците на касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска ги посети и им ја честита Новата 2019 година на припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево.

По обиколката на свечената гарда на АРМ, претседателот Иванов се сретна и со другите припадници од кичевската касарна, каде што имаше средба со командатот на Четвртата механизирана пешадиска бригада, наречена „Леопарди” , потполковник Боро Латкоски.

Претседателот Иванов на сите припадници на АРМ им искажа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија извршувајќи ги професионално своите обврски и при тоа на војниците во Кичево им подари телевизор.

Потполковникот Латкоски со слајд проекција и предавање во оваа прилика ги презентираше активностите на припадниците на АРМ од касарната „Чеде Филипоски -Даме” во Кичево.

Иванов имаше директна линковска врска со нашите војници, кои во моментот се во мировни мисии надвор од границите на нашата земја, притоа честитајќи им ја Новата година и божиќните празници.

– Очекуваме оваа година да ја добиеме конечно поканата и станеме членка на НАТО, рече претседателот Иванов и додаде дека како и секоја година традиционално на 1 јануари е со војниците на АРМ.

Шефот на македонската држава во оваа прилика им ја честита Новата година и на сите граѓани на Република Македонија, порачувајќи во период на големи промени да останеме сполоени, да се почитуваме и да се насочиме кон иднината.

Заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Ѓурчиновски, претседателот Иванов во кичевската касарна беше на ручек-војничко гравче со припадниците на овој гарнизон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This