ИВАНОВ: За македонското прашање се воделе Балкански и Светски војни, ја отворивте Пандорината кутија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иванов со историска лекција за сите негатори на македонскиот идентитет. Тој посочи дека македонското прашање, нема да се затвори со укинување на македонскиот идентитет, туку со тоа само се отвора Пандорината кутија. Тој посочува дека Балканските војни и Светските војни се воделе поради отвореното македонско прашање. Иванов истакна дека меѓународното право постои за да ги штити помалите и послабите држави, а тоа не се случило во случајот со Македонија. Претседателот на Македонија посочи дека само праведниот мир значи траен мир и се додека нема правда во случајот со Македонија не може да има мир.

Професорот Ѓорѓе Иванов го спомена и неуспешниот референдум напоменувајќи дека граѓаните не се согласиле со Договорот од Преспа и промената на името.,,На 30-ти септември проработи имунитетот на македонскиот народ”; ,,Тивкото мнозинство донесе гласна одлука”, вели Иванов. Народот процени дека е уценет , со Бојкотот на референдумот народото го одбрани своето, забележува Иванов

Тој не заборави и на изјавите на грчките политичари кои ја покажуваат реалната слика дека со Договорот од Преспа се уништува македонскиот идентитет.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/432480030622691/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This