ИВАНОВ ИЛИ ЗАЕВ, ЧИЈ САМИТ БЕШЕ ПОВАЖЕН: „Процес Брдо-Бриони“ на Иванов или „Дигитален самит за Западен Балкан“ на Заев и Манчевски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и Скопје месецов беа домаќини на два самити. Претседателот Иванов, вчера, го организираше самитот на Процесот Брдо Бриони, додека пак Владата, премиерот Заев и министерот Манчевски пред десетина дена, го организираа „Дигиталниот самит за Западен Балкан“. Двата имаа регионален карактер и се најавуваше посета на високи претставници како од земјите од Балканот, така и од Европа.

Седум шефови на држави, еден премиер и претседателот на Европскиот совет Туск, беа гости на Иванов, којшто беше домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, во Скопје. Настанот го проследија дури 156 акредитирани новинари, 116 од Македонија и 40 од странство.

На процесот Брдо Бриони чијашто главна цел е европската интеграција на земјите од регионот присуствуваа претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, на Словенија, Борут Пахор, на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово, Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ. Како специјални гости на Иванов, во Скопје допатуваа и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Гости на Заев на дводневниот „Дигитален самит за Западен Балкан“, беа двајца премиери и еден заменик-премиер. Само претседавачот на Министерскиот Совет на БиХ, Денис Звиздиќ, премиерот на Косово Харадинај, заменик претседателот во Владата на Албанија Сенида Меси се одзваа на поканата. Иако за некои од порталите во февруари годинава, високи владини претставници брифираа дека канцеларката Меркел ќе биде учесник на „Дигиталниот самит за Западен Балкан“, до тоа не дојде, а Германија ја претставуваше државниот секретар во министерството за економија и енергетика.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This