Иванов му подари на папата Франциск резбан албум со фотографии од христијанската наследство во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешна средба во „Вила Водно“ на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава.

-Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар. Албумот содржи 153 фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири, соопшти кабинетот на Иванов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This