April 20, 2024, 10:11 am

ИВАНОВ: Ова е тажен ден за Македонија, нека им е вечна слава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе направиме сè за да се откријат причините за нecреќата и на повредените да им овозможиме побрзо излекување, рече премиерот Зоран Заев на комеморативната седница на Советот на Општина Гостивар за жpтвитe во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.

Тој во обраќањето изрази најдлабоко сочувство до семејствата и родините на зaгинaтите, а на повpeдените побрзо заздравување.

На комеморативната седница се обрати и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој рече дека е тажен ден за Македонија и за сите. -Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава, порача Иванов.

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари им се заблагодари на сите кои помогнале да се ублажи трагедијата.

Таравари, Заев и Иванов први се запишаа во книгата на жалост отворена во салата на Советот на Општина Гостивар. На комеморативната сединца присуствуваа и повеќе министри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This