Иванов останува на ставот против „ерга омнес“ и промена на Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Ѓорге Иванов по денешната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров останува на својот став против  промена на Уставот и ерга омнес решение за спорот околу името.

Во соопштението од кабинетот на Иванов се забележува дека целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери, бидејќи не се придржувале кон законските одредби за склучување на меѓународни договори и оти за евентуалното решение нема национален консензус.

Во текстот се нагласува ставот на претседателот дека склучувањето на меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

Во соопштението се нотира дека министерот Димитров не приложил писмен документ, туку само усно го информирал претседателот околу последните случувања поврзани со разговорите за спорот околу името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This