Иванов ја посети Железната црква во Истанбул

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Турција, вчера ја посети уникатната бугарска Железна црква Св.Стефан, која се наоѓа на брегот на Златниот рог во Истанбул.

Како што јавува БТА, ова е прва посета на странски државник откако по реставрирањето црквата беше пуштена во употреба на 7 јануари годинава од бугарскиот премиер Бојко Борисов и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на македонската држава беше пречекан од генералниот конзул на Бугарија во Истанбул, Ангел Ангелов, од свештениците во црквата, како и од главниот архитект кој работеше на реставрацијата на храмот, Фикрие Булунмаз.

Претседателот Иванов и делегацијата што ја предводи ја разгледаа галеријата со снимки и фотографии што се наоѓа на приземјето, а го посетија и обновениот бугарски метох, кој се наоѓа спроти Железната црква.

Генералниот конзул на Бугарија во Истанбул на македонскиот претседател му подари плакета и книга за бугарските светилишта во Турција.

Иванов посочил дека е импресиониран од посетата на една ваква уникатна црква каква што е Св.Стефан и оти ќе понесе добри впечатоци од посетата.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на официјалната посета на Република Турција, во Анкара треба да има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со други високи турски државни претставници.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This