ИВАНОВ ЌЕ БИДЕЛ КАЗНЕТ ОД АДЕМИ: За незнаење албански ќе се казнува – и Иванов ќе го казниме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За две три недели и претседателот Иванов ќе биде казнет за неспроведување на Законот за употреба на јазиците, изјави во емисија на ТВ Алсат пратеникот на ДУИ Џеват Адеми.

Тој зборуваше употребата на албанскиот јазик по донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

„За официјалниот статус на албанскиот јазик не се грижи носителот на институцијата, туку самата институција. Овој Иванов, кој одби да го потпише указот за законот за албански јазик, ќе биде казнет за неупотреба на албанскиот јазик и тоа за две три недели. Досега немало казнени одредби. Соочувајќи се со неспроведувањето на законските одредби ние воведовме казнени одредби. Не е популарна мерка во законот да воведеш казнени одредби. Се согласувам со тоа како еден од авторите на законот. Не го направивме тоа толку лесно, но во Македонија имаме појава на неспроведување на законите. Бидејќи законот за албански јазик за нас е важен, ние сме предвиделе и казнени мерки. Ќе ги удриме по џеб, еднаш, два пати, три пати и ќе видите. Законот за јазиците, спроведувањето на законот за албански јазик во пракса е клучот за преживувањето на оваа Влада“, рече Адеми.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This