March 29, 2024, 10:39 am

ИВАНОВ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Во недела средба Иванов – Радев во Дојран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во недела (6 мај) во Дојран ќе оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, којшто ќе престојува во работна посета на Република Македонија, информираат од Кабинетот на македонскиот претседател.

– Република Македонија и Република Бугарија имаат континуиран политички дијалог и одлични билатерални односи што ги карактеризира традиционално пријателство, беше заедничката констатација на двајцата претседатели, за време на официјалната посета на претседателот Радев на Република Македонија во февруари годинава.

Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе престојува во возвратна официјална посета на Република Бугарија, велат од Кабинетот на Иванов.

Бугарскиот претседател Радев на 6 мај ќе присуствува на Комеморативна церемонија во Ново Село.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This